СДСМ: Новата Влада предводена од СДСМ ќе ги отвори евро-атлантските перспективи што Груевски намерно ги кочеше 11 години

Од:

СДСМ испрати соопштение како реакција на изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Новата рефорсма Влада предводена од СДСМ ќе работи посветено на отворање на евро-атлантските перспективи што се врвен државен интерес и коишто носат добро за сите. Непходно е сите, вклучувајки ја и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, да се вклучат во реформските процеси што ќе ги придвижат закочените интеграциски процеси.

Никола Груевски скоро 11 години имаше можност да ги придвижи евро-атлантските интеграции, но наместо тоа, тој работеше спротивно на интересите на државата и граѓаните и правеше се за да ги загрози интеграциските процеси на Република Македонија.

Наместо да бара оправдувања и да поставува услови, Груевски треба да понесе одговорност за се она што им го стори на граѓаните и на Република Македонија, оддалечувајќи ја земјата од цивилизираниот демократски свет“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски