СДСМ: Новата Влада ќе работи посветено на остварување на програмските определби во интерес на граѓаните и државата

Од:

„Мнозинството пратеници во Собранието синоќа гласаше за составот и програмата на новата Влада предводена од СДСМ.

Република Северна Македонија доби мала, ефикасна Влада подготвена да сработи посветено во интерес на граѓаните.

Владата предводена од СДСМ ќе сработи и испорача ефикасен правен систем во кој грѓаните ќе веруваат, кој ќе дели правда еднаква“, соопштуваат од СДСМ.

„Ќе се инвестира во уште поквалитетно здравство кое ќе продолжи да води целосна грижа за здравјето на сите граѓани и уште поефикасно ќе се бори против коронавирусот.

Следува бескомпромисна борба сивата економија во државата, неплаќањето даноци, шверцот и корупцијата.

Следува брза и навремена поддршка на најсиромашните, за да продолжи градење на праведно и правично општество.

Претстои стабилен политички период, Република Северна Македонија е членка на НАТО, има одлука за почеток на преговори со Европската унија, сега, пред нас е период на трансформација и европеизација на државата.

Продолжуваме уште повеќе и уште подобро, заедно со граѓаните испишуваме светли страници на нашата историја“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана