СДСМ: Новата Влада ќе обезбеди вработувања и помош за фирмите

Од:

„Нови вработувања ќе има. Ќе има огромна државна поддршка за домашните препријатија. Ќе има реални странски инвестиции. Но сето тоа ќе го обезбеди новата реформска Влада на граѓаните на Република Македонија.

Никола Груевски нема морално право што било да ветува на граѓаните на Македонија.
Тој остави повеќе од 500.000 граѓани под работ на сиромаштијата. На домашните фирми им даваше по 2 евра годишно државна помош. Донесе криминалци како Субрата Рој наместо реални странски инвестиции.

И најглавното. Никола Груевски изгуби! Не е премиер. Не е никаков одлучувачки фактор. ВМРО-ДПМНЕ е опозиција.

700.000 граѓани преку своите 67 пратеници го формираа новото парламентарно мнозинство, коешто многу брзо ќе ги избере новиот собраниски претседател и новата реформска Влада на унитарна и напредна Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ