СДСМ: Новата Влада ќе изгради патишта, Груевски ќе прави увид во доказите за провизии и перење пари

Од:

„Новата реформска Влада ќе изгради модерна и безбедна патна инфраструктура според сите законски и современи процедури во интерес на граѓаните на Р.Македонија.

Никола Груевски ќе прави и увид и отчет за доказната документација против него, посебно што и официјално се сомничи за перење пари како и за 25 милионската провизија само за автопатот Миладиновци – Штип, за којашто слушнаа граѓаните во проектот Вистината за Македонија.

Појавувањето на Груевски на автопатот за којшто тој се товари за местење тендер е одраз на фактот дека виновникот секогаш се враќа на местото на кое го сторил делото.

Во Македонија промените се почнати и никој повеќе, ниту Груевски, не може ниту да сокрие, ниту да избегне соочување со правдата.

Тоа што само во последното деноноќие има две сообраќајни несреќи на патишта поради тоа што нема наместени мрежи за животни, а Груевски договарал милионски провизии по автопат што ги сместувал на своите сметки, ја покажува огромната негрижа на овој човек за граѓаните цели 10 години.

Неопходно е чесните и одговорни членови, поддржувачи и пратеници на ВМРО ДПМНЕ да се оградат од непресметливите потези на Никола Груевски и на криминалното раководство на партијата и како конструктивна оппзиција, во интерес на државата и граѓаните да ги поддржат потребните реформи што ќе ги спроведе новата Влада“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски