СДСМ: Новата Влада го унапредува социјалниот дијалог, работничките права и отвора пат за развој на економијата

Од:

„СДСМ, како социјалдемократска партија високо ги почитува ставовите на синдикатите околу унапредувањето на социјалниот дијалог и работничките права, како и економскиот напредок со цел отворање работни места и повисоки плати. Поради тоа, Програмата на новата реформска Влада во најголем дел се темели на овие заеднички цели и определби, внесени во неа во широки консултации со работниците, синдикални организации, комори.

Во Програмата предвидуваме измени и дополнувања на Законот за работни односи во насока на унапредување на работничките права и во овој процес синдикатите и Економско – социјалниот совет ќе имаат клучна улога.

Воведуваме синдикално здружување и во приватните фирми, со што ќе постигнеме унапредување на работничките права и во тој сектор, нешто што до сега не функционираше.

Дополнително, во колективното договарање родовата компонента ќе биде земена во предвид со цел зголемување на спроведување на правата на двата рода подеднакво.

Ќе ја зголемиме за 100 пати државната пoддршка за домашните мали и средни претпријатија со цел отворање нови и подобро платени работни места.

За тоа, отворени сме за соработка со сите засегнати страни. Ова покажува колку се важни за СДСМ и за новата реформска Влада работничките права и развојот на економијата за квалитетен живот на сите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски