СДСМ: Нова виртуелна инвестиција е индустриската зона во Радовиш

Од:

„Во август, минатата 2014 година, Никола Груевски, фрли лопата и најави изградба на нова индустриска зона во Радовиш.

Денеска, после цели 15 месеци, наместо индустриска зона во Радовиш стои празно земјиште со по некоја прокопана дупка. И толку. Ниту има нови фабрики, ниту има нови работни места.

Фотографиите во прилог сведочат за лагите на Никола Груевски.

TIRZ Radovis 3

Тоа е уште еден доказ за виртуелните индустриски зони со коишто предизборно се рафрла Никола Груевски, неуспешно обидувајќи се да ги манипулара граѓаните.

Бидејќи Груевски најави дека владата ќе инвестира 11 милиони евра во оваа виртуелна зона сега тој треба да одговори каде се парите?

За што потроши Никола Груевски 11 милиони евра?

TIRZ Radovis 2

За нов мерцедес? За нови очила? За што?

Единствените реални „инвестиции“ на Никола Груевски се парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари, провизиите, тендерите за споменици вредни 630 милиони евра…

Граѓаните не му веруваат на Никола Груевски.

Grujo lopata Radovis

Дури и Народна банка објави дека во третиот квартал од оваа година, во Република Македонија влегле само 8,5 милиони евра странски инвестиции.

Со објавувањето на овој најнов податок, Народна банка и официјално ги потврди виртуелните странски инвестиции на Никола Груевски со коишто виртуелно се расфрла пред заминување.
Корупцијата во изминатите години однесе многу работни места и избрка многу странски инвестиции.

По изборите на 24-ти април и победата на СДСМ, Македонија ќе и каже збогум на корупцијата и ќе се отвори патот за вистински инвестиции и вистински нови работни места“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Капитални проекти од витално значење за Скопје се заглавени поради политички игри

А1он

Филипче од Струмица: ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата во мрак, да се исправиме и да ја изградиме силата што ќе ја запре неправдата

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Врв на неспособност, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, власта им вели „немаме магично стапче“

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

А1он

Во вториот изборен круг, ќе има разговори и со партии од албанскиот блок, изјави Филипче

(ВИДЕО) Филипче: Граѓаните тонат во сиромаштија, власта ги држи платите ниски

Горан Наумовски