СДСМ: Нова реформска Влада е државен интерес, блокадите за криминални интереси ќе прекинат!

Од:

„Парламентарното мнозинство од 67 пратеници избрано на кредибилни избори и формирано на демократски начин е должно според Уставот, Деловникот и законите да избере нов претседател на Собранието и нова Влада.

Неоодговорно е криминалните интереси да се ставаат над државните интереси и интересите на граѓаните, како што тоа го прават малцинството на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот и Ѓорге Иванов, по директива на Никола Груевски и тоа мора да прекине.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ги блокира демократските процеси и во јавноста шири насилна реторика, само да обезбеди ден повеќе за нови криминали и да обезбеди што поголемо богатство за себе и за своите соработници.

Тендерот од 60 милиони евра за фирма блиска до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, бензинските пумпи и нафтени платформи за Мијалков, што се реализираат во услови на трансфер на власта, измените на урбанистички планови во последен момент се најдобриот доказ дека криминални интереси и страв од одговорност стојат зад блокадите на демократските процеси.

Неопходен е разум. На тоа повика и меѓународната заедница којашто јасно ја посочува одговорноста кај досегашната власт за дестабилизацијата што и ја прават на државата.

Нема да дозволиме државата и граѓаните да бидат понатаму заложници на криминалци. Демократските процеси брзо ќе се откочат. Согласно очекувањата на домашаната и меѓународната јавност, согласно волјата на мнозинството граѓани, според Уставот, Деловникот на Собранието и законите, ќе се избере нов претседател на Собранието, а потоа и нова реформска Влада.

Мора да се овозможи мирен трансфер на власта! Демократските процеси се незапирливи“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски