СДСМ: Нова бетонизација во Лисиче во режија на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Кога ВМРО-ДПМНЕ ја има локалната власт, тоа значи игнорирање на потребите на граѓаните и уназадување на општините, бетонизација и сомнителни урбанистички планови, реагираат од СДСМ за новиот ДУП за Лисиче со кои се предвидуваат згради.

-Со новиот детален урбанистички план на општина Аеродром, ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски во Лисиче запишаа и пет катастарски парцели, на кои дозволуваат да никнат десетина висококатници. Парцелите во Лисиче со површина од над 1000 метри квардатни, биле купени од инвеститори, како ниви, пред носењето на урбанистичкиот план. Сомневања за корупција отвораат прашањата како инвеститорите знаеле кои парцели ќе добијат маркици за згради високи и до 10 ката, како знаеле дека општината ќе одобри градежен бум, на ниви, во дел каде што има куќи. Граѓаните се разочарани, реагираат поради носењето на планот речиси зад нивниот грб и бараат одговори зошто во Лисиче, каде аерозагаденоста континуирано урива рекорди, ВМРО-ДПМНЕ дозволува да никне висок бетонски појас згради. Наместо поквалитетни услови за живот, зеленило и мега паркови, граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ добиваат бетонизација и загадување, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски