А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Нов долг од 12,6 милиони евра на товар на граѓаните

by А1он06/07/2016 - 16:2080
Share0

Министерството за финансии денеска реализираше ново задолжување на товар на граѓаните во висина од 12,6 милиони евра.

Добивај вести на вибер

Иако првично Министерството за финансии побаруваше 5,4 милиони евра на домашниот пазар на капитал сепак под неверојатен притисок под којшто се ставени домашните кредитори од новиот министер за финансии, новото задолжување коешто го реализираа е поголемо за 2.3 пати од првично планираното.

Денешното ново задолжување има за цел да го надополни раздолжувањето утре, но и да натовари дополнителни 7,2 милиони евра нов долг.

Денеска изостана исплатата на пензиите па се поставува прашање за Миноски дали e буџетот толку исцеден што и редовната исплата на пензии е загрозена па се чека на ново задолжување за да можат да им се исплатат пензиите на пензионерите во предвидениот рок?

Недозволиво е да се таложат нови долгови и да се доцни со исплата на пензии, а расипничката власт да се расфрла со нов барок за ГТЦ којшто ќе однесе нови милиони евра пари на граѓаните.

И понатаму ги предупредуваме домашните кредитори, банките, пензиските друштва и осигурителните компании да внимаваат при купувањето на домашни хартии од вредност бидејќи според последниот Закон за влада сеуште е под знак прашалник законитоста на ваквите задолжувања, велат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:06

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Горан Наумовски25/02/2026 - 17:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен