А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Ниту владата, ниту споменатата компанија немаат никаква поврзаност со Иван Савидис

by А1он05/11/2018 - 19:2991
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Антизападното раководство ја профилира ВМРО ДПМНЕ како лидер во лажење и ширење лажни вести.

Трет ден антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од антинародниот Христијан Мицкоски лаже и конструира непостоечки случај што беше јасно демантиран и од страна на компанијата што е спомената во прес конференциите на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема никаква поврзаност со споменатиот бизнисмен, ниту компанијата, ниту Владата.

Наместо да измислуваат непостоечки случаи, наместо да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да објаснат која била причината за средбата на членот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски со десната рака на Ѓорѓе Иванов, Синиша Алексовски.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да научи дека со измислици не може да се покрие фактот што антизападниот пион Мицкоски преку шемите со неговиот ментор Груевски добил 33 илјади метри квадратни државно земјиште за хидроцентрали.

Со лажни вести не може да се покрие вистината дека антинародниот Мицкоски го брани криминалот на неговиот шеф Никола Груевски.

Заглавена во матрицата на Никола Груевски, на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски очигледно им пречат странските инвестиции во земјава.

Што има антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ против странските инвестиции во Македонија?“ се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:06

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Горан Наумовски25/02/2026 - 17:59

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

Катерина Ѓуровски25/02/2026 - 11:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен