СДСМ: Ниту тунелот бил слеп, ниту нова траса за пругата, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Станува се потешко да се изборјат лагите на ВМРО-ДПМНЕ во овие стотина дена откако ја преземаа власта. Најновата лага која со месеци ја трубеше министерот Александар Николоски е дека проектот за пругата од Коридорот 8 бил за никаде, дека тунелот завршувал во планина и дека тој ќе го сменел проектот велат од СДСМ.

– Ништо од ова што го кажувал Николоски не било точно. Сега Владата се согласила и дека ќе се гради истиот проект и дека тунелот е добар и дека нема да се менува трасата. Има ли нешто за што не излажа Николоски откако е седнат на фотелјата? СДСМ постојано тврдеше дека станува збор за проект подготвен од меѓународни експерти, дека истиот е целосно во согласност со потребите на проектот и дека нема никаква друга пречка овој проект да се спроведе. Откако со месеци ја манипулираа јавноста, поништуваа постапки сега се сложија да го градат проектот онака како што досега беше планирано. Единствено што постигнаа е да ја окупираат јавноста и медиумите со нивните бескрајни соопштенија и прес конференции. Ова е уште едно признание дека стратешките проекти кои ги водеше СДСМ биле добри и дека сега оваа Влада ќе продолжи да ги реализира. Неодамна Владата во целост го потврди и планот за раст кој СДСМ го подготви и во целост го потпиша, Мицкоски се повикува на Преспанскиот договор како добар приемр за дипломатија и бара таков договор со Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ги призна сите добри политики на Владата кои претходно ги криткуваше. Лицемерието е огромно и невидено на овие владини простори, се вели во реакцијата од СДСМ по објавата за средба ов Брисле меѓу Македонија и Бугарија ов врска со проектот за последната делница од железницата за Коридорот 8.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“