СДСМ: Ништо не се менува, во криминалната ВМРО-ДПМНЕ се караат за пари и провизии

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ останува иста лицемерна и криминална партија, на која приоритет не и се интересите на граѓаните и на државата, туку пари и провизии. Од една страна зборуваат колку се загрижени за граѓаните, за државата, а од друга страна во ВМРО-ДПМНЕ се скараа кој да ги земе милионските провизии“, соопшти СДСМ.

„Мицкоски го интересираат само пари, бизнис зделки и влијанија. Токму тоа е причината за јавните препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и скопската градоначлничка Арсовска.

На Скопје му се случува реприза. Како што Груевски го осакати главниот град со криминалната пералница на пари Скопје2014, сега се заканува нова катастрофа – Скопје 2024 што ја приредува Мицкоски. Граѓаните ќе го казнат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски