СДСМ: Ништо не ги пере Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од бесрамниот обид да саботираат полициска акција за да спасат криминалци

Од:

„Христијан Мицкоски е фатен како брани криминалци, во обид да саботира полициска акција. Цврсто стои Мицкоски на браникот на криминалот, на спротивната страна на правдата и законите.

Но ваквите негови обиди пропаднаа, не успеаја да ги спасат криминалците, акцијата на полицијата успешно заврши“, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„А кој друг да се вклучи во одбрана на криминалци ако не Алексадар Николоски?

Нервозен е Александар Николовски, наместо да даде одговори за неговата наводна вмешаност во скандалот наречен „кавијар – дипломатија“ очајно е застанат на страната на Мицкоски.

Фатени живи, ништо не ги пере ниту Мицкоски ниту Николоски.

За овој случај треба да се произнесе Јавното обвинителство. Одговорност мора да има за оние кои го прекршиле законот, за оние кои на каков било начин, помагале во тоа или ја саботирале акцијата“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија