СДСМ: Никола Груевски виде колку е саатот

Од:

“Никола Груевски виде колку е саатот.

Затоа се скри од граѓаните и за празник одлучи да го бутне својот срамен, принуден реизбор во партијата.

Ги призна Груевски доказите од проектот Вистината за Македонија, што го разобличија неговото вистинско, сурово и криминално лице.

Ги призна и катастрофалните политики, што не успеја да ги покрие со честите менувања на законите, коишто направија ршум во сите области.

Го призна и апсурдниот проект Скопје 2014, што однесе над 600.000.000 евра во џебовите на фамилијата.

Одеднаш му станаа важни и заедниците, па дури почна да се убедува и дека тој, узурпаторот Груевски, ја вратил државата на народот?!

Принуден да се гребе Груевски само не може да го види она што го гледаат сите, и неговите сопартијци, па дури и оние од тесната група околу него, дека со него, е готово.

Ќе го запамети Никола Груевски овој првомајски празник, по вистината со којашто 9 години се мајтапи не избирајќи средства, таа вистина што го чека надвор од салата во Куманово”, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски