А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Никола Груевски и украде на Македонија цели 10 години

by А1он28/05/2016 - 13:5129/05/2016 - 11:0266
Share0

„Да му беше навистина Македонија на прво место, Никола Груевски немаше да ја уништи економијата, да ги осиромаши граѓаните, да ги краде, да ја краде нивната слободна волја и немаше да ја втурнува земјава во постојани кризи.

Добивај вести на вибер

Зад самонареченото мега интервју на Груевски се крие стравот од враќање на правдата и соочување со одговорноста за катастрофата што и ја нанесе на Македонија.

Никола Груевски и украде на Македонија цели 10 години.

Економијата е на колена, граѓаните во Македонија се посиромашни, живеат со по 40 денари на ден.

На криминален начин се потрошија 630 милиони евра за споменици додека 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија.

626.312 луѓе се иселија од Македонија, пред се млади, образовани граѓани, поради невработеност.

Граѓаните се задолжени со рекордно највисок јавен долг од над 4,2 милијарди евра.

Јавно Груевски фрлаше лопати на проекти коишто никогаш не се реализираа, за потоа да се качи во мерцедес од 600 илјади евра што самиот си го нарача.

Вистината за Македонија покажа дека цели 10 години Груевски мислеше како да дојде до поголеми провизии, парцели на Водно….

Нема слобода, нема демократија, нема правда во Македонија. Законите не важат за сите подеднакво.

Никола Груевски и фамилијата се богатеа на грбот на граѓаните, а криминалот и корупцијата станаа најсериозен проблем за иднината на државата.

Сега го чека соочување со одговорноста за целокупниот криминал. Се што прави Груевски е обид да избега од законот, од правдата, да купи барем малку време. Но, тоа нема да му успее. Како што е јасно дека нема да му успее ниту нарачаната срамна аболиција.

Груевски ниже пораз по пораз, капитулација по капитулација. Неговите лаги не поминуваат веќе ниту кај граѓаните ниту кај чесните членови на неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Се плаши Никола Груевски од слободни, фер, демократски и регуларни избори. Затоа не е прочистен избирачкиот список, нема реформи во медиумите, нема одвојување на партијата од државата.

Оној којшто ја блокираше европската иднина на Македонија со својот диктаторски однос и кој го наруши меѓународниот углед на земјава не може да зборува за иднина.

Заврши времето на Никола Груевски. Доаѓа време за одговорноста.

Правдата ќе се врати. Нема спас за Груевски и неговото корумпирано друштво“, соопштуваат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

Горан Наумовски23/12/2025 - 19:41

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата

Горан Наумовски23/12/2025 - 19:41

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери

Горан Наумовски23/12/2025 - 17:02

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он22/12/2025 - 18:01

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски22/12/2025 - 11:0422/12/2025 - 14:01

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски22/12/2025 - 09:0722/12/2025 - 11:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен