СДСМ: Никој повеќе не го оспорува македонскиот идентитет, со договорот се отвораат перспективите за членство во ЕУ и НАТО

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешните прес-конференции на Наум Стоилковски и Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Договорот со којшто се става крај на 25 годишниот спор со Грција е во заштита на врвните национални и државни интереси и тоа го гледа целата домашна и меѓунардона јавност, целиот демократски свет. Само ВМРО-ДПМНЕ ја кочи македонската иднина и останува заглавена во матрицата на поделби и изолација.

Не постојат никакви дилеми – Договорот не само што не го загрозува, како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет. Никој повеќе да не го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, се обезбедени еднаш засекогаш.

Со овој Договор се отвораат перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Ја обезбедуваме македонската иднина, стабилноста, сигурноста, економскиот развој и подобриот живот на сите наши граѓани.

Крајно неодговороно е да се кочи македонската иднина. Време е ВМРО-ДПМНЕ да постапи во интерес на граѓаните. Време е ВМРО-ДПМНЕ да каже ДА за овој Договор за којшто последниот збор ќе го имаат граѓаните, на референдум. ВМРО-ДПМНЕ да каже ДА за македонската иднина“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски