СДСМ: Никогаш нема да и се извиниме на Бонева

Од:

СДСМ никогаш нема да ѝ се извини на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, порачаа денеска од партијата.

– Да ѝ се извиниме на Силвана Бонева за тоа што таа го напишала во нејзиниот анкетен лист? Не доаѓа предвид. Тоа што го читавме пред Антикорупциската комисија секој граѓанин може да го прочита на веб-страницата на оваа институција. Силвана Бонева е последната од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ која треба да бара било какво извинување од било кого и за било што. Таа кога полицајците ги влечеа новинарите и пратениците на 24 декември и ги бркаа од Собранието, можеби аплаудираше и седеше спокојно знаејќи што ќе следи – рече пратеникот на СДСМ, Игор Ивановски.

Пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ Бонева денеска постави рок од 48 часа, за Ивана Спасовска од СДСМ јавно да и се извини за, како што тврди, изнесените клевети против неа. Во спротивно Бонева правдата ќе ја бара на суд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски