СДСМ: Ние сме за Европската Унија, а ДПМНЕ е против

Од:

Во историскиот момент за евроинтегративниот процес на државата, кристално е јасно СДСМ е предводник на европскиот концепт на државата, додека од другата страна, ДПМНЕ е против ЕУ. СДСМ е за ЕУ, како основна стратешка цел на државата и важен чекор кон подобрување на животниот стандард на граѓаните, поголеми плати и пензии, пристап до европските фондови, подобри услови за компаниите, европски вредности и стандарди, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

„Од друга страна ДПМНЕ е против ЕУ. Ги манипулира граѓаните со лаги за наводна бугаризација, асимилација, губење на идентитетот и јазикот, наводен бугарски диктат, со безаргументирано противење на уставните измени го блокира европскиот пат на државата и европската иднина на народот. Премногу време помина во чекање. Од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 година поминаа 18 години, лани ги започнавме преговорите за членство, сега шансата за исчекор е голема, вратите на ЕУ се отворени, поддршката од стратешките партнери јасна и потврдена. Сега е време за преземање акции и за цврсто и храбро чекорење кон Европската Унија“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он