СДСМ: Незаконски се отпушта претседател на синдикална организација во „Водовод и канализација“

Од:

„Отпуштањето на претседателот на синдикалната организација на ЈП „Водовод и канализација“ Стојанче Кашиковски е незаконско и спротивно на Колективниот договор. И според Законот и според Колективниот договор никој не смее да отпушта претседател на синдикална организација“, велат од СДСМ.

„Ова е силен облик на притисок имајќи предвид дека вработените во ова јавно претпријатие се подготвуваат за штрајк, поради кршење на работничките права. ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска го вратија Град Скопје во најцрните денови од режимот, каде директори на јавни претпријатија незаконски отпуштаат вработени и предизвикуваат колапс во работењето. Сите надлежни институции да се вклучат во расчистување на незаконскиот отказ на претседателот на синдикалната организација во „Водовод и канализација“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

„Водовод и канализација“: Имаше варијација во водоснабдувањето поради прекини на струјата кај бунарите во Лепенец

Горан Наумовски

Пукна водоводна цевка во Влае, голем дел од Скопје беше без вода или со намален притисок

Горан Наумовски

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он