СДСМ: Неуставната иницијатива на Мицкоски беше за спас на неговата фотелја и бизнис интереси

Од:

„Мицкоски поднесе неуставна иницијатива за одржување на референдум само за спас на неговата фотелја во Белиот дворец и бизнис интересите на неговото опкружување“, велат од СДСМ.

„Откако му пропаднаа сите обиди за дестабилизација, му потонаа лагите за асимилација и бугаризација, Мицкоски повторно се обиде да ги изманипулира граѓаните.

Мицкоски и неговите пратеници не гласаа против Договорот за добрососедство со Бугарија. Сега, пет години подоцна бараат референдум против овој договор за одговорноста да ја префрлат кај граѓаните.

Но граѓаните го прочитаа, завртеа грб на незрелоста, неодговорноста и деструктивноста на Мицкоски и му порачаа дека се за европска иднина.

СДСМ, заедно со демократски сили, заедно со граѓаните, нема да дозволи Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја загрозат европската иднина и државата да ја вратат назад во изолација и поделби“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски