СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ е причина за одложувањето на пуштањето на автопатот Демир Капија-Смоквица

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за состојбата во инфраструктурата особено што токму таа партија остави пустош во инфраструктурата и нанесе огромни штети врз буџетот и врз интересите на граѓаните. Секој таканаречен проект на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата беше симбол на криминал, неспособност и корупција.

Покрај бројните пропусти во изградбата на автопатите, неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ е директна причина и за тоа што пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија – Смоквица беше одложувано двапати, прво во септември 2016 година, а потоа во мај 2017 година.

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го направи за цели пет години, Владата предводена од СДСМ го стори за неколку месеци. Завршени се сите потребни процедури, автопатот е целосно завршен и ќе биде пуштен во употреба веќе во текот на следниот месец.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат сериозни инвестиции во инфраструктурата и ги санираат штетите настанати од криминалните и погубни политики на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата