СДСМ: Нервоза кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, македонски јазик силно ќе ечи во ЕУ

Од:

„Вчера во македонското Собрание целата jавност се увери дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се плашат од вистината, се плашат од аргументите, од обраќањето на премиерот Ковачевски и говорите на пратениците од мнозинството. Ги видоа заклчоците, поддржани од пратениците од владејачкото мнозинство со кои јасна е целосна заштита на јазичните, идентитетски, културни и историски посебности на македонскиот народ и спроведување на процесот на преговори со ЕУ“, соопшти СДСМ.

„Ги слушнаа силните пораки од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Македонци, со чист македонски јазик во ЕУ, без додавки, модификации, квалификации.

Сите нивни лаги, измислици, шпекулации, се поразени, потопени и затоа се нервозни.

Ревидираниот предлог го потврдува македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, а билатералните прашања, не се услов ниту дел од преговорите.

Тензиите и крвавите сценарија што свесно ги ширеа по улиците и не им успеаа, сакаа да ги пресликаат во Собранието, но не успеаја, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ тоа не го дозволи..

Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се плашат и не сакаат дебата, затоа се нервозни.

Можат да свират, да прават врева, да се закануваат колку сакаат.Гласот на македонски јазик нема да го замолкне никој, ниту во македонското Собрание ниту каде било на друго место.

Македонскиот јазик ќе ечи и во ЕУ, а деструктивците, осудените криминалци од ВМРО-ДПМН нема да ја закочат државата, таа продолжува по европскиот пат“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски