СДСМ: Непотизмот и партизацијата на институциите беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Непотизам масовна партизација на институции и нивно злоупотребување за лични и партиски интереси се одлика на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски која 11 години масовно ги партизираше и злоупотребуваше институциите во кои се вработуваа само партиски членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Таквиот однос кон администрацијата и државните институции заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Со започнатиот реформски процес од страна на Владата предводена од СДСМ, државните институции и јавната администрација, работат слободно, независно, одговорно, професионално и единствено во интерес на граѓаните, наместо во интерес на партиите, како што беше за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Процесите за вработувања се законски, јавни и транспарентни и за сите важат еднакви услови и критуериуми.

Очигледно е дека антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионалното и независно функционирање на институциите и можноста сите граѓани да имаат еднаков пристап до вработувања со еднакви правила и критериуми“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“