СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Од:

Составот на листите за пратеници на ДПМНЕ потврдува дека во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија свртена кон минатото. Повеќе од 80% од кандидатите на листите се истите пратеници, кои спроведуваа активни блокади на Собранието, правеа опструкции и кочеа, сé што е во интерес на граѓаните и државата. Тоа се истите лица што во време на криза во Собранието ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите, кои два дена на собраниска седница ги преместуваа точките на дневниот ред, се вели во соопштението од СДСМ.

– Беа и против минималната плата и раст на платите и против членството на државата во НАТО, и против евроинтеграциите, тропаа и вревеа со вувузели додека во парламентот зборуваше Урсула фон дер Лајен. Нивната работа изминатите четири години ја одбележаа одолговлекувања, бесмислени реплики, штанцање илјадници амандмани за блокада на законите, незакажување седници и неставање на дневен ред на клучни закони во парламентарните комисии, предводени од ДПМНЕ. Со истите лица на листите Белата палата потврдува дека се определува за блокада на европскиот пат на државата. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад. Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ – велат од партијата..

Би можело да ве интересира

Филипче: Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

Костадиновска Стојчевска: За 91 отсто е намален буџетот за инспекторатот за македонски јазик

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Владата крати пари за најранливите во Буџетот, социјалната заштита под удар

Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ