СДСМ: Нема повеќе ВМРО-МВРО, партиски штабови и заштита на криминалците, полицијата денес работи одговорно

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Неспособниот Христијан Мицкоски нема план, нема идеја, нема визија за општеството и напредокот на државата па поднесува неосновани интерпелации.

Мицкоски покажува дека е недостоен за граѓаните и за Македонија, преку неосновани барања за интерпелација се обидува да го закочи реформскиот процес, да ги забави процесите кои Македонија ја носат во ЕУ и НАТО.

Времето кога полицијата беше злоупотребувана во партиски цели, кога цветаше криминалот, кога се криеја убиства, а МВР беше претворена во МВРО-ВМРО, заврши со заминувањето на антинародното ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Како лева рака на Никола Груевски и неспособниот Мицкоски има директна одговорност за 11-те криминални години во кои злоупотребената полиција го бранеше криминалот на власта наместо да го гони.

Нема повеќе ВМРО-МВРО, партиски штабови и заштита на криминалците, полицијата денес работи одговорно, независно и професионално, како вистински партнер и заштитник на граѓаните.

Истовремено, сериозно се инвестира во подобрување на условите за работа на вработените во полицијата, за прв пат во толкав обем се реновираат полициските станици, се набавуваат нови униформи, чизми и опрема за работа, а од наредната година следува и зголемување на платите од 5 отсто.

Стапката на криминал се намалува, надлежните институции ефикасно и неселективно постапуваат по секое прекршување на законите. Граѓаните се сигурни и безбедни. Тоа го потврдуваат и испитувањата на јавното мислење. Согласно истражувањата на ОБСЕ, 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедни.

Неоснованите интерпелации на Мицкоски нема да го запрат напредокот на Македонија кон ЕУ и НАТО“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни