СДСМ нема намера да ги инволвира Deutsche и Magyar Telekom во политичките случувања во Македонија

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија писмено ги информираше компаниите Deutsche Telekom и Magyar Telekom, за случувањата во Македонија, од аспект на потенцијална вмешаност на раководните структури на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија во незаконско и неетичко однесување. 

Во писмото, СДСМ изразува задоволство од присуството на реномираниот бренд во Македонија и бара превземање на конкретни чекори од двете компании во интерес на граѓаните на Република Македонија и имиџот на компаниите.

Од доказите коишто се доставени до СДСМ евидентно е незаконско следење и тонско снимање на комуникациите на повеќе од 20.000 граѓани од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Дополнително, од објавените аудио докази се потврдуваат злоупотреби и прекршувања на законските и интерните процедури на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.

Извршен  член на Одборот на директори и Главен извршен директор на Т-Мобиле, Жарко Луковски, му рапортира на министерот за транспорт и врски за направени списоци на вработените во Македонски Телеком и Т-Мобиле. Се договара притисок врз вработените и закани со бркање од работа доколку не гласаат за партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Неизвршен член на Одбор на директори на Т-Мобиле, Ирена Мишева, прифаќа барање од актуелниот министер за транспорт и врски да се стави вон функција телефонски број кој го користи СДСМ.

Во интерес на граѓаните СДСМ бара од Deutsche Telekom и Magyar Telekom, како сериозни компании и инвеститори во земјава и мнозински сопственици во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, да преземат конкретни чекори.

СДСМ нема намера да ги инволвира Deutsche Telekom и Magyar Telekom во политичките случувања во Република Македонија, туку бара доследно спроведување на законите и интерните акти на компаниите, во интерес на сите граѓани на Република Македонија, како и на корисниците на услугите на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?