СДСМ: Нема да партиципираме во Влада во која премиер би бил од ДУИ

Од:

СДСМ реагира на соопштението потпишано од Управата на Федерацијата на македонски организации во Австралија, во која се спротивствауваат на Влада во која Албанец би бил премиер.

СДСМ, велат,  остро се спротиставува на фактот што на соопштенијата диктирани од ВМРО ДПМНЕ се потпишуваат други организации.

Жалат што управата на федерацијата на македонски организации во Австралија дозволува да биде злоупотребена за дневно политичките потреби на ВМРО ДПМНЕ, потпишувајќи се на нивните ракописи.

За СДСМ е разбирлива тенденцијата на ВМРО ДПМНЕ, откако покажа тотална неспособност и немоќ да ги заштити државните интереси, за сопствениот неуспех да ги обвинува другите.

„Токму во периодот кога на виделина излегуваат сите тајни пазари помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, Груевски на подмолен начин се обидува да пласира целосни лаги, измислици и клевети.Крајно е лицемерно и истиот оној кој четири години ја дели власта и фотељите со ДУИ, да се обидува да обвинува друг за наводни преговори со истата партија.Во интерес на вистината, сакаме уште еднаш да го потенцираме нашиот став, СДСМ ниту преговара со ДУИ, ниту има намера да партиципира во Влада во која премиер ќе доаѓа од редовите на ДУИ. Да бидеме на јасно, доколку постои изневерување на македонските национални интереси, тоа директно произлегува од начинот на кој владее актуелната власт, особено во последниот период каде на увид на целата јавност ВМРО ДПМНЕ тргува со македонската гордост и национални чувства“ стои во соопштението на СДСМ.

Македонија, велат од СДСМ,  не е лична сопственост на Никола Груевски и тој не смее да ја користи за лично пазарање и купување рејтинг.

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер

ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ