СДСМ: Нема да има населување на бегалци, граѓаните да не подлегнуваат на лагите на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести за Нацрт – Стратегијата за бегалци со што предизвикува непотребна паника и вознемиреност помеѓу граѓаните.

Граѓаните да бидат спокојни и да не подлегнуваат под манипулациите и пропагандата на безидејното ВМРО-ДПМНЕ. Во Република Македонија нема да се градат станови и кампови за бегалци, нема да се даваат државјанства на бегалци, ниту пак ќе се активираат некои други мерки во таа насока.

Република Македонија е и ќе продолжи да биде земја на транзит за бегалци и ќе им помага на бегалците во нивниот пат кон крајните дестинации согласно меѓународните стандарди. Секое поинакво тврдење на ВМРО-ДПМНЕ е лажно и има единствено за цел да шири страв и да го дефокусира вниманието од вистинските потреби на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?