• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Нема да има амнестија за криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ

by А1он22/09/2017 - 17:20122
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Влатко Ѓорчев.

Добивај вести на вибер

„Несериозни и неточни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за предложениот Закон за амнестија.

Законот за амнестија се предлага како израз на добра волја на државата кон одредена група на правосилно осудени лица, а со цел за нивна ресоцијализација.

Во исто време, се земаат во предвид и условите во казнено-поправните установи во земјава, за кои во изминатите години претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо и со тоа придонесе за дополнително влошување на оваа состојба.

Очигледно од ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓа ова затоа што нема да има амнестија за криминалот во нивните редови. Јасно му е и на Никола Груевски дека ќе има одговорност.

Предлог законот нема да аменстира лица правосилно осудени на казна доживотен затвор, како и сторители на кривично дело Убиство. Нема амнестија за кривични дела против избори и гласање и нема амнестија за кривични дела против половата слобода и половиот морал, односно за половите злосторства против малолетни лица.

Предлог законот не предвидува ослободување на лица што сториле кривични дела против државата и кривични дела злосторничко здружување.

Република Македонија е хумано и социјално одговорно општество и тие стандарди, согласно цивилизираните и европски принципи, ќе се однесуваат и на правосилно осудените граѓани кои издржуваат казни во казенено-поправните установи“ се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:0526/01/2026 - 10:26

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски26/01/2026 - 08:4926/01/2026 - 09:23

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 16:53

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 14:25

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он23/01/2026 - 14:52

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

Горан Наумовски23/01/2026 - 12:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен