СДСМ: Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да ја кочи македонската иднина и изборот на ДИК

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно го блокира изборот на Државната изборна комисија, со што го доведува во прашање одржувањето на референдум за македонската иднина.

СДСМ и владејачкото мнозинство имаат обврска пред граѓаните да ја обезбедат иднината на Македонија.

Нема да дозволиме никој да ја загрозува, да ја кочи македонската иднината, да го кочи членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

Имаме обврска да обезбедиме граѓаните да го кажат последниот збор.

Во таа насока, пратениците на СДСМ и коалицијата ќе го поддржат законоското решение Државната изборна комисија да се избира со апсолутно мнозинство.

Бројните анализи и мислења на Венецијанската комисија посочуваат на потребата, избор или именување на членови на некое тело или носители на функции со квалификувано мнозинство, не смее да се претвори во контрапродуктивен инструмент за блокирање на процесите.

Земајќи ја предвид важноста на моментот за иднината на државата и граѓаните и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, потребата од вакви измени е нужна.

Секако, оставаме простор опозицијата на лидерска средба да покаже конструктвност и да се откаже од бојкотот.

Една деценија ВМРО-ДПМНЕ зборува за референдум и сега кога треба да се одржи се обидува референдум да нема. ВМРО ДПМНЕ се плаши од гласот на граѓаните, се плаши од нивната јасно изразена волја.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да покажат дали им се важни потребите на граѓаните, дали им се важни државните интереси, дали се за членството во НАТО и ЕУ.

Македонија нема да биде заложник на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија забрзано чекори напред кон полноправно членство во НАТО и ЕУ.

Граѓаните ќе го имаат последниот збор, на референдум, да одберат каква иднина сакаат.

ДА за македонската иднина“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни