СДСМ: Нема да дозволиме Груевски да ја парализа државата, ќе има и нова Влада и локални избори

Од:

„Да беше досега формирана новата Влада, немаше да има потреба од одложување на локалните избори.

Неразумните блокади од ВМРО-ДПМНЕ веќе ги оставија граѓаните од утре без градоначалници и советници, вработените во општинските установи без плати, луѓето без потребните општински услуги.

Очигледно целта е уште позагрижувачка, хаосот по повеќемесечната блокада за формирање на новата Влада, да се преслика и на локално ниво, што ќе ја парализира целата држава.

Тоа нема да го дозволиме.

Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престанат да ја дестабилизираат Македонија за лична корист и бегство од правдата и да овозможат брз и мирен трансфер на власта и законско утврдување на датумот за локалните избори.

На потег е Ѓорге Иванов кој мора да се огради од деструктивните политики на Никола Груевски и да го додели мандатот за состав на новата Влада што ќе отвори пат и за локалните избори. Ова е врвен државен и граѓански интерес и сите имаат обврска да се водат од него“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски