СДСМ: Нелегалното следење и прислушување беше одлика на режимот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Антинaродното ВМРО-ДПМНЕ е симбол за системско погазување на човековите права и слободи.

Граѓаните, целата домашна и меѓународна јавност многу добро знае кој со години нелегално прислушуваше десетици илјади граѓани: режимот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Очигледно е, случајот со снимените телефонски разговори во Основното јавно обвинителство е остаток од минатото и минатите владејачки недемократски структури предводени од ВМРО-ДПМНЕ.
Нелегалното прислушување и системското прекршување на правата и слободите на граѓаните беше нивна одлика.

Од таквите криминални и антинародни политики, Христијан Мицкоски никогаш ниту се огради, ниту се извини, ниту пак некогаш ги осуди. Напротив, тој прави се за да го одбрани Никола Груевски и неговиот криминал.

СДСМ очекува од сите надлежни институции до крај да го расчистат овој случај. Убедени сме, виновниците за нелегалното прислушување ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски