СДСМ: Нелегални се блокадите и насилството, ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна опозиција

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Неопходно e ВМРО-ДПМНЕ да се постави како конструктивна опозиција во интерес на граѓаните и евро-атлантските перспективи, а прв чекор кон тоа е да се откажат од лаги и опструкции на легалните демократски процеси.

Нелегално и незаконски е извршено насилството во Собранието преку сериозни кривични дела на терористичко загрозување на уставниот поредок, за што ќе следува одговорност и за нарачателите и за извршителите.

Новиот претседател на Собранието е избран легално и легитимно според Уставот, законите и Деловникот. Според Уставот, Деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска Влада“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски