СДСМ: Неказнивоста на говорот на омраза беше одлика за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Лицемерна е наводната загриженост за говор на омраза на ВМРО-ДПМНЕ, кога токму оваа партија е позната по говорот на омраза и дискриминација што со години ги практикува.

Според јавно објавените информации, Агенцијата за млади и спорт веќе започна процес за утврдување на одговорноста за пропустот со збирката „Млади поети“. Започнатиот процес точно ќе ја лоцира одговорноста по што сите учесници во пропустот ќе се соочат со одговорност.

Времето на неказнивост и прикривање на говорот на омраза, на дискриминацијата и шовинизмот заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денес, Македонија се гради како едно општество за сите во кое нема место за говор на омраза , а секој кој сторил каков било прекршок одговара за своите постапки“, се вели во реакција на СДСМ на изјавата на Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски