„ВМРО-ДПМНЕ цела недела не може да се соземе од изборниот дебакл што им се случи на вонредните парламентарни избори и шамарот којшто го добија од граѓаните. Во двете општини каде што имаше избор за градоначалници победи СДСМ и коалицијата а во третата соодносот на советници остана ист, со драстичен пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ“, реагира СДСМ на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.
„Нека не ги фаќа страв и паника ВМРО-ДПМНЕ од Ковачевски и Зечевиќ. Да имаа добри политики наместо блокади, да беа вредни наместо по одмори, да беа присутни на теренот, да ги почитуваа граѓаните и да работеа за граѓаните можеби ќе имаа подобар резултат.
Хаосот кој владее во ВМРО – ДПМНЕ се прелеа и на теренот. Затоа и не истакнаа кандидат во Центар Жупа а во Маврово Ростуше на цедило го оставија својот кандидат, член на Извршниот комитет на партијата.
Вината за изборниот пораз и пораката којашто им ја испорачаа граѓаните треба да си ја бараат во сопствените редови.
Мицкоски и ВМР0-ДПМНЕ или ќе ги променат своите погрешни, деструктивни политики, или нека му ја мислат за парламентарните избори во 2024 година кога ќе им се случи уште еден изборен пораз“, се наведува во соопштението на СДСМ.