СДСМ: Недоличниот речник е огледало на нервозата на Никола Груевски

Од:

Сигурно и вас ве интересира, каде се сега пред нас граѓаните, Никола Груевски и Зоран Ставрески, да објаснат како одеднаш, Субрата Рој, од омилен, излезе наводен инвеститор?

Зошто и покрај бројните предупредувања во земјава и од странство, додека цел свет пишуваше за криминалите на нивниот омилен бизнис партнер, тие двајцата, Груевски и Ставрески, му дадоа на индиецот непроценлива плодна земја од над 5.000 хектари, за по 120 денари од декар и километарски плажи и дури и води во Охридското езеро, заштитено од УНЕСКО?

Да мислеа Груевски и Ставрески на граѓаните немаше да ги направат огромните штети врз земјоделците и државата, туку ќе го прекинеа договорот со наводниот мултимилијардер кој е поврзан со милијарди, но долгови во милијарди кон излажани свои сограѓани во Индија, поради што тамошниот Врховен суд му го замрзна целиот имот.

Недоличниот речник е огледало на нервозата на Никола Груевски.
Знае Груевски дека од одговорноста не може да се скрие. Ќе излезат и штетите и позадината на случајот Субрата Рој, се вели во писмената реакција на СДСМ на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за прес конференцијата на Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема