СДСМ: Назначувањето на член на Програмскиот совет на позиција во ВМРО-ДПМНЕ е недозволива партизација на МРТ

Од:

„Назначувањето на Косана Мазнева на висока партиска функција во кабинтетот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а која истовремено е и член и на Програмскиот совет на Македонската радио телевизија, јасно го покажува односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и го потврдува обидот за партиско влијание врз работата на јавниот сервис.

Мазнева, носителката на висока функција во кабинтетот на претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, мора веднаш да поднесе неотповиклива оставка од Програмскиот совет на МРТ.

Со овој случај уште еднаш се потврдува потребата од реформи во јавниот сервис што ќе овозможат професионализација на МРТ и дополнително ја потврдува потребата од законска регулација во овој дел. Новиот Закон за аудио и аудиовизуелни услуги ќе стави крај на партизацијата на јавниот сервис и ќе обезбеди просефионално, независно и непартиско раководно тело на МРТ кое ќе работи во интерес на граѓаните“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски