СДСМ: Назначени нови претседатели на партиските комисии, продолжуваат промените

Од:

„Промените и освежувањата во СДСМ продолжуваат, партијата се менува за уште подобро да им служи на граѓаните и на државата. Синоќа, Извршниот одбор на СДСМ ја одржа својата втора седница на која беа назначени нови претседатели на партиските комисии“, велат СДСМ.

„Комисиите на СДСМ се важни тела, предводени и составени од докажани, професионални и угледни личности, кои даваат свој придонес во креирањето и реализацијата на политиките по кои е препознаена СДСМ.

Во прилог комплетен список на назначените претседатели на комисиите на СДСМ:
Комисија за економија: Размена Дуровиќ Чекиќ
Комисија за здравство: Соња Михајловска
Комисија за образование: Елизабета Наумовска
Комисија за надворешни работи: Зоран Попов
Комисија за труд и социјална политика: Милан Живковиќ
Комисија за спорт: Наумче Мојсовски
Комисија за локална самоуправа: Јане Миланов
Комисија за животна средина; Каја Шукова
Комисија за Едно општество: Белкиса Зеќири
Комисија за транспорт и врски: Благој Бочварски
Комисија за внатрешни работи: Никола Дујовски
Комисија за енергетика: Митко Андреевски
Комисија за информатичко општество и администрација: Методија Димовски
Комисија за култура: Катерина Коцевска Хаџивасилева
Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство: Гоце Георгиевски
Комисија за финансии: Димитар Ковачевски
Комисија за правда: Неда Гацова

На втората седница, членовите на Извршниот одбор ја усвоија и одлуката за именување на членови на Извршниот форум на пензионери. Шефот на Изборниот штаб, Љупчо Николовски информираше за постапката за избор на кандидати за градоначалници и советници од редовите на СДСМ која што заврши во рамки на општинските организации.

До СДСМ се доставени 560 кандидатури за градоначалници и 5.000 кандидати за советници.

Големиот интерес за кандидати за градоначалници и советници, исправните државнички политики, се доказ дека СДСМ е силен фаворит на претстојните локални избори“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“