СДСМ: Нашите стручни и професионални кадри предизвикуваат паника кај Груевски

Од:

„Стручните, професионални и одговорни кадри на СДСМ предизвикуваат паника кај Никола Груевски.

Груевски знае дека превземањето на контролата над власта од страна на граѓаните значи демонтажа на погрешниот систем на вредности, на погрешното владеење и отвора можност за одговорност поради сите злоупотреби во изминатите 10 години.

Оттука е нервозата во медиумите под контрола на Груевски коишто отидоа до таму што ги прогласија граѓаните на Куманово за терористи.

Недозволиво, дрско и безобразно.

Никој нема право да ги навредува граѓаните на Република Македонија.

Падот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е незапирлив процес. Граѓаните на Република Македонија сакаат промени и тие ќе се случат.

Македонија порачува: збогум Никола!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“