СДСМ: Нашето влегување во Собранието предизвика конфузија кај ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Активниот влез на пратениците на СДСМ и опозицијата во Собранието со конкретни законски решенија, темелно работени изминатиот период заедно со граѓаните и сериозно подготвени во интерес на граѓаните, предизвика конфузија кај ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Научени да штанцаат лоши закони на штета на граѓаните, без дискусија, без стручна анализа и демократска дебата сега ВМРО-ДПМНЕ не знае како да се соочи со сопствените грешки и штетата што ја предизвика.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ покажува огромна нервоза и паника. Збунети се од фактот што граѓаните препознаваат дека овие решенија на СДСМ и опозицијата се вистински одговор на погрешните политики во изминатите 9 години.

Граѓаните сакаат зголемување на минималната плата, бараат укинување на екстерното оценување и обезбедување контрола на трошењето на парите. Со денешните предлог законски решенија на СДСМ токму тоа се обезбедува.

ВМРО-ДПМНЕ добро нека го чува својот страв. Денешните серија на Закони предложени од опозицијата се само почеток. Допрва ќе видат што се вистински закони, што се вистински решенија за наталожените проблеми на граѓаните коишто ги предизвика токму ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце – не знае како да се извади што помилуваа нарко босови

А1он

СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ

А1он

СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини

ВМРО-ДПМНЕ за Апасиев: Коалициониот партнер на СДСМ и ДУИ го сака Хамас, се поклонува на Енвер Хоџа, молчи за онкологија

А1он

Ковачевски: Опозицијата шири етнички тензии и нѐ враќа во 2001, демократска Влада на СДСМ направи голем исчекор во слободата на медиумите