СДСМ: Населувањето и вдомувањето на бегалци постои само во пропагандата на Груевски

Од:

СДСМ со писмен соопштение реагира на денешната прес-конференција на Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните одамна ги препознаа лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и знаат дека населувањето и вдомувањето на бегалци, постои само во пропагандата на Никола Груевски. Лажните вести и референдумите на непостоечки теми се последната надеж на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски дека ќе се спасат од пораз на локалните избори. Очигледна е се поголемата нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, особено по последните анкети кои покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе загуби на претстојните избори.

Македонија беше и ќе продолжи да биде земја транзит за бегалци, а најдобар доказ за тоа е фактот што досега низ Македонија поминаа над еден милион бегалци, а само 15 лица од нив останале на привремен престој во државата.

Референдумите се врвна демократска вредност и треба да се користат за клучни прашања од интерес на граѓаните, а не за лагите и пропагандата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

За да се докаже апсурдноста и бесмисленоста на пропагандата на Груевски, СДСМ веќе јавно соопшти дека ќе гласа За на претстојните референдуми кои случајно или не, се организираат исклучиво во општините во кои ВМРО-ДПМНЕ знае дека убедливо ќе загуби“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан