СДСМ: Наместо решение, ДПМНЕ создава хаос со личните документи

Од:

Со месеци ДПМНЕ на партиски прес конференции од белиот дворец тврдеа дека имаат решение и дека ќе го решеле проблемот со личните документи, пасошите и возачките дозволи. Сега, откако влегоа во техничката Влада и имаат министер за внатрешни работи, ДПМНЕ наместо решение создава хаос со личните документи и шири паника меѓу граѓаните, се вели во реакцијата на СДСМ.

„Не треба да се казнуваат граѓаните кои ги немаат заменето возачките дозволи. Тие се за домашна употреба и законот дава можност за опомена. Дополнително, наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши, министерот од ДПМНЕ го укина вадењето пасош без закажување. Тоа негативно влијае затоа што го намалува бројот на граѓани кои можат да се сликаат, а од друга страна драстично го пролонгира процесот.

Тоа значи дека граѓаните со месеци нема да можат да добијат нов пасош, а го доведува во прашање и законскиот рок за издавање пасош. ДПМНЕ и тимот на министерот во МВР направија хаос и во одобрувањето на пасошите, наместо 15 дена сега граѓаните чекаат и повеќе од 20 дена а пасошот не им е готов. ДПМНЕ едно зборува во опозиција, сосема друго прави кога е власт“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“