СДСМ: Наместо преку тајно преговарање како што правеше ВМРО-ДПМНЕ, стратешките одлуки ќе се носат преку инклузивен процес

Од:

„Стратешка определба на Р.Македонија од нејзиното осамостојување до денес е полноправно членството во ЕУ и НАТО.

На тој евроинтеграциски пат, новата реформска Влада предводена од СДСМ одлуките ќе ги носи преку инклузивен процес и сите стратешки прашања ќе се решаваат во конзензус со опозицијата, широката јавност и граѓанското општесто, а ќе бидат конечни на реферндум на кој ќе се изјаснат граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ги погази државните и национални интереси и ги изневери граѓаните кога тајно преговараше и договараше промена на името, што се докажа и од материјалите објавени во проектот „Вистината за Македонија“. ВМРО-ДПМНЕ работеше против државните и национални интереси со блокадите што ги направи на демократските реформи и евро-атлантските интеграциски процеси.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ треба час поскоро да престане да измислува нови лаги и манипулации на оваа тема и целата енергија што непотребно ја троши да ја насочи кон конструктивно делување и вклучување во реформските процеси што следат, за доброто и иднината на граѓаните и државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?