СДСМ: Наместо осуда и барање за оставка на Милошоски за скандалот „Кражба“, Мицкоски застана на страната на криминалот

Од:

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и белиот дворец се симбол на криминал, корупција и расипништво.

Тоа се покажа и по последниот скандал „Кражба“ во кој нивниот пратеник Антонијо Милошоски, според јавно достапни документи, бил осудуван и казнет за кривични дела „кражба“ и „фалсификување“ во Германија.

Наместо осуда и барање за оставка, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застана зад Милошоски“, велат СДСМ.

„Тоа што Мицкоски го покрива Милошоски говори дека и тој е на страната на лагата, срамот и криминалот.

Граѓаните не заслужуваат во Собранието да ги претставува пратеник, осуден за кражба, злоупотреба и измама.

Особено што против Милошоски и пред домашните судови се води предмет каде се сомничи дека сторил измама и злоупотреба на службената положба и овластувања.

Милошоски за скандалот „Кражба“ и за срамниот однос кон граѓаните и државата треба да се извини и да поднесе оставка.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да успеат да ги спасат криминалците во своите редови, правда и одговорност ќе има“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени