А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Наместо лажни вести и невистини, ВМРО-ДПМЕ да гледа и да учи што значи вистинска грижа за земјоделците

by А1он11/06/2019 - 17:04158
Share0

10 години ВМРО-ДПМНЕ ги уништуваше институциите, а токму поради нивните погубни политики, во нивно време фитосанитарниот систем беше нефункционален, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Цветан Трипуновски, како поранешен директор на Државниот инспекторат за земјоделство, многу точно го знае начинот и зачестеноста на земаање на мостри за лабораториска анализа од пратки од растенија и растителни производи согласно мониторинг програмите и официјалните инспекциски контроли од страна на фитосанитарните инспектори.

Како претходен Директор на фитосанитрарната лабораторија, Трипуновски многу добро е упатен и во методите и времетраењето на лабораториските анализи во Државната фитосанитарна лабораторија, која работи согласно протоколите на Европско –медитеранската организација за заштита на растенијата, Затоа, несериозно е што заради партиски интереси Трипуновски покажува основно непознавање на законските прописи од областа на заштитата на растенијата областите кои ги има раководено во претходниот период, упатувајќи на ад – хок мерки и на „нова регулатива“.

Дополнително, во негово време додека токму тој раководеше со ДИЗ, иако стигнуваат информации од надлежните служби од Руската федерација незнаејќи како да го организира мониторингот за појавата на Monilinia fructicola, е директно одговорен за состојбата со откуп на коскесто овошје.

Следете a1on на Youtube YouTube

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веднаш по утврдување на состојбата, воспостави комуникација со службите од руската федерација и започна со решавање на состојбата.

По интензивните едукативни трибини и интезивната соработка со земјоделските производители за преземање на фитосанитарни во текот на зимскиот период, дипломатската активност и релизираната инспекција од страна на руската надлежна служба, дозволен е извозот на коскестото овошје од Република Северна Македонија во Руската Федерација. Меѓутоа, за пратките од праска и нектарина потребно е надлежната служба да гарантира дека се исполнети фитосанитарните барања и секоја пратка да е пропратена со анализи од акредитирани лаборатории.

Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство продолжуваат да ги надминуваат и решаваат проблемите на земјоделците. Наместо да шири лажни вести и невистини, ВМРО-ДПМНЕ да гледа и да учи што значи вистинска грижа за земјоделците и земјоделството!“, се наведува во соопштението на партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски18/10/2026 - 12:1218/10/2026 - 14:08

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Горан Наумовски18/10/2026 - 11:25

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски17/10/2026 - 09:0917/10/2026 - 09:10

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 08:5816/10/2026 - 11:46

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он15/10/2026 - 20:52

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

Горан Наумовски15/10/2026 - 11:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео