СДСМ: Наместо да жали Мицкоски да понесе одговорност за хасот во Скопје

Од:

„Христијан Мицкоски треба да понесе одговорност за хаосот што му се случува на Скопје, наместо јавно да се жали за своите проценки. Мицкоски беше тој кој ја поддржуваше Данела Арсовска на локалните избори, Мицкоски беше тој кој во нејзино име најавуваше нови еколошки автобуси па дури и фабрика за нивно производство“, соопшти СДСМ.

„Денес, не само што нема нови автобуси, туку не функционира ниту постоечкиот јавен превоз.

Приватните превозници не возат, а Јавното сообраќајно претпријатие е во долгови и пред колапс.

Одговорноста за катастрофата што се случува во Скопје е кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

И градоначалничката и претседателот и мнозинството во Советот и мнозинството во надзорните и управни одбори во јавните градски претпријатија, сите се поврзани со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

За само една година, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше Градот, Скопје денес стагнира, нема нови проекти, нема довршување ниту на наследените, но затоа има партизација и колапс на јавните претпријатија“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни