СДСМ: Наместо да се грижи за безбедноста во сообраќајот, ВМРО-ДПМНЕ преку Курир злоупотребува деца и семејни трагедии

Од:

Во недостаток од вистински решенија за проблемите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ преку своите курири, во секое граѓанско самоорганизирање гледа наводни „акции“ и „нарачки“ на СДСМ. Протестот на родителите и децата од улицата „Тихомир Милошевски“ во Скопје нема никаква врска со СДСМ, а барањата на овие граѓани за лежечки полицајци поради зачестени сообраќајни несреќи во кои страдаат деца се сосема легитимни, логични и немаат никаква партиска позадина.

Од ВМРО-ДПМНЕ преку својот Курир информираа дека заклучиле оти СДСМ го организирал протестот само затоа што граѓаните скандирале: „Нема правда, нема мир“. Очигледно, во ВМРО-ДПМНЕ се алергични на граѓани кои бараат правда, затоа што за нив правдата е нешто од што треба да се бега.

Наместо да лаже и да ги злоупотребува децата во партиски соопштенија, ВМРО-ДПМНЕ требаше да им обезбеди пристојни услови за безбедно патување кон и од училиштата. Неспособноста на централната и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ не може да се покрие со лажни соопштенија дистрибуирани преку медиумите – огласни табли, а фактот што цел на нападот на ВМРО-ДПМНЕ се семејството и соседите на повредено дете, само говори за паниката која владее и кај ВМРО-ДПМНЕ и кај неговите медиумски егзекутори, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски