СДСМ: Наместо бесплатен јавен превоз, директорот на ЈСП поднесе оставка

Од:

„Наместо да воведе нови автобуси и бесплатен автобуски превоз, директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје си поднесе оставка. Оставката на директорот на ЈСП Скопје е втора оставка на директор на некое јавно претпријатие под ингеренции на Град Скопје во рок од само шест месеци“, соопшти СДСМ.

„Очигледно дека и директорите на јавните претпријатија почнаа да бегаат од Данела Арсовска и нејзината неспособност.

Толку од менаџерските способности на Арсовска.

Прекинати проекти и партизација на градот е се што Арсовска „сработи“ во овие први шест месеци од нејзиниот мандат.

Шест месеци беа доволни Арсовска да се докаже како најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје, таа и останатите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион