СДСМ: Намалувањето на бројот на загадени денови е охрабрувачки

Од:

„Владата предводена од СДСМ, заедно со сите надлежни институции активно работи на надминување на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето.

Првите подобрувања се видливи и охрабрувачки. Како што јавно обелодени Министерството за животна средина и просторно планирање, во 2018 година постои намалување на бројот на деновите со надмината дозволена загаденост од 50 микрограми, споредено со 2016 и 2017 година.

Според просекот од сите мерни станици во Македонија, во периодот од први јануари до 30 ноември 2018 година, регистрирани се 88 загадени денови, што е благо намалување во однос на 2016 и 2017 кога бројот на загадени денови бил 99.

Поединечно по мерни станици, значителен напредок има во Тетово, каде што во 2016 година имало 273 загадени денови, во 2017 115, а во оваа 2018 година бројот на загадени денови изнесува 105 денови.

Во Битола, на првата мерна станица, минатата година имало 105 загадени денови, а годинава 65.

Намалување на деновите на загадување има и во другите населени места, како Карпош, Центар и др.

Ова се охрабрувачки резултати што мотивираат во борбата против аерозагадувањето.

Претстои уште работа и затоа, Владата предводена од СДСМ, надлежното министерство, општините и сите останати засегнати институции постојано преземаат мерки за справување со загадениот воздух, со крајна цел, загадувањето за две години да биде намалено за 50 отсто во Скопје и од 30 до 50 отсто во цела Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата