А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Над 4.000 тестови се направени откако Мицкоски излажа дека имало уште 100 тестови

by А1он16/04/2020 - 09:49242
Share0

„Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ не се откажуваат од лагите и деструктивното однесување и во време на сериозна здравствена криза и натаму пласираат лажни вести со кои се обидуваат да шират страв и паника кај граѓаните.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пред 12 дена Мицкоски ја заплашуваше јавноста дека јавното здравство и лекарските тимови имаат само уште 100 теста за корона вирусот и дека за ден до два здравствените институции ќе снемаат тестови и пациентите ќе бидат оставени непроверени и нетестирани“, велат од СДСМ.

„За волја на вистината, во изминатите 12 дена, откако Мицкоски очајно се обиде да создаде паника кај граѓаните, јавното здравство спроведе приближно 4.000 тестирања за коронавирусот.

Оваа бројка на спроведени тестови во последните две седмици, или вкупно 10.000 тестови од почетокот на кризата, ја прави нашата држава лидер во регионот во бројката на тестирани пациенти. Ова се статистички бројки против кои не може да се спротивстават ниту најгрубите лажни вести на ВМРО ДПМНЕ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Граѓаните да останат смирени, здравствените власти продолжуваат со континуирана набавка на тестови за корона и заштитна опрема за успешно справување со пандемијата од коронавирусот.

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ уште на почетокот на кризата демонстрираа деструктивно, неодговорно и несолидарно однесување и така продолжуваат и денес.

Уште еднаш се покажа, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ освен лаги и деструкција за ништо друго и не знаат“, соопштуваат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:08

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски11/09/2026 - 09:0311/09/2026 - 09:16

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски11/09/2026 - 08:4211/09/2026 - 09:16

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

Горан Наумовски10/09/2026 - 13:14

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски10/09/2026 - 08:2610/09/2026 - 09:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео